header images

Здружението за заштита на правата на детето, невладина и непрофитна организација од самото свое формирање, 1998 година делува на полето на детските права на територија на цела Р. Македонија, се вклучува во кампањи, семинари, симпозиуми и иницира проекти од областа на социјалната заштита на правата на децата, малолетничката деликвенција итн. Исто така учествува со свои предлози и сугестии при донесувањето на измени и дополнувања на Законот за социјална заштита и Законот за семејство во делот на семејно насилство.

Здружението на граѓани Заштита на правата на детето е лиценциран давател на социјални услуги Услуги на дневен престој за деца во ризик-деца на улица од 30.08.2021 година

Основни принципи, задачи и цели на Здружението во третирањето на правата на детето се: 
• имплементација на Конвенцијата за правата на детето во домашното законодавство и практика;
• подигање на свеста за правата на детето и создавање чувство на солидарност со децата од целиот свет;
• поттикнување и оценување на примената на правата на детето предвидени во меѓународното право, а особено правата предвидени со Конвенцијата за правата на детето;
• преземање активности за надминување на сосотојбата со непочитување или кршење на правата на детето;
• лобирање за измени и унапрeдување на легислативата од областа на правата на децата;
• oсновање и раководење со детски центри (Центар за детска правда, Центар за деца на улица) за унапредување и примена на ефикасни механизми за заштита на правата на детето во конкретни области и ситуацииа;
• Воочување на социјалните ризици и проблеми, по пат на анкетирање, разговори со децата и нивните родители, учителите, наставниците, клучните луѓе во заедницата;
• Јакнење на децата, младите и нивните родители со едукација и развој на социјални вештини; 
• Работа во заедницата и анимирање на субјектите училиште, локална самоуправа и сл. за значењето на формалното образование како основ за вработување како и работа со група на младинци за нивна сензибилизација и подигање на нивната информираност за можноста за вклучување во мерките и активностите и нивно запознавање со програмите на Владата за вработување;

ППП

15 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ

Во ноември 1998 година е основана невладината организација Здружение за заштита на правата на детето, која го одбележува својот 15-годишен јубилеј. Членови на Здружението станаа еминентни универзитетски професори, судии во Врховниот суд на Република Македонија и во основните судови, правници, социјални работници, педагози, психолози, пенолози, наставници, студенти, кои активно, на волонтерска основа, работат за подобра имплементација на Конвенцијата за заштита на правата на детето. во Р. Македонија. Основачи на Здружението за заштита на правата на детето се повеќе>>>

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Други активности Хигиена и имунизација Креативна работилница Музичка работилница Образовна работилница Нивните права Прослави Спортска работилница Појадок и ужина Музичка работилница Образовна работилница Нивните права Прослави Спортска работилница Појадок и ужина