header images

Зборник на трудови од симпозиумот за Правата На Детето

ПРЕДГОВОР:

По повод 10-годишнината од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето на ООН, а согласно својата Програма за работа, Здруженеието за заштита на правата на детето организира Симпозиум од областа на правата на детето, во ноември 1999 година. Симпозиумот има за цел да го сврти вниманието на јавноста на важноста на Конвенцијата за правата на детето и на нејзината имплементација во законодавството на Република Македонија. Од прилозите презентирани на Симпозиумот се публикува овој зборник со излагањата, кој треба да овозможи занчителен поширог круг на субјекти да бидат запознати со оваа важна проблематика.

Оправданоста на Симпозиумот произлегува и од тоа што треба да биде прв Симпозиум од ваков вид во Република Македонија, каде досега не е направена сеопфатна анализа на законодавниот систем на детската заштита. Во повеќе земји фундаментална е улогата на невладините организации во имплементацијата на Конвенцијата за правата на детето, па одржувањето на еден ваков Симпозиум ќе има големо значење во согледувањето на нивнотоместо и влијание. Излагањата на експертите и на странските учесници треба да им овозможат на претставниците на Македонската национална коалиција на НВО за заштита на правата на детето подобро и појасно да ја димензионираат својата улога. Симпозиумот ќе им овозможи на претставниците на владините институции да ја согледаат улогата и значењето на НВО од областа на правата на детето, што има свое занчење пред разгледувањето на Иницијалниот извештај на Република Македонија за имплементација на Конвенцијата за правата на детето, во почетокот на 2000 година, пред Комитетот на ООН за правата на детето во Женева.

На Симпозиумот ќе бидат изложени 12 теми:

  • Правата на детето според меѓународната регулатива, посебно во Конвенцијата за правата на детето - Проф.д-р Владимир Ортаковски;
  • Децата жртви на семејното насилство - Доц. Оливер Бачановиќ;
  • Деца во судир со законот-имплементација на стандардите на ООН - Д-р Елена Андреевска;
  • Правата на малолетницитете деликвенти во постапката пред судот - Мила Камбовска;
  • Улогата на НВО и Македонската национална коалоција за заштита на правата на детето во имплементацијата на Конвенцијата за правата на детето - Горана Пирковска Змијанац;
  • Правата на децата во рамки на семејството, со посебен осврт на дисфункционално семејство - Д-р Зорица Николова;
  • Емоционално злоставување на децата во дисфункционални семејства - Мирјана Ѓурчиновска и Анета Апчева;
  • Психо - социјална помош на децата бегалци - М-р Драгана Батиќ;
  • Права и потреби на децата - работилница за деца и родители - Мирјана Ѓурчиновска;
  • Правата на детето од аспект на социјалната заштита - Младица Котевска;
  • Состојбите на правата на децата низ призма на праксата на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје - Кирил Трајковски;
  • Права, обврски и одговорности на детето како субјект во имотното право - Стево Муратовски и Дијана Митиќ.

На Симпозиумот се поканети да учествуваат 50 учесници, меѓу кои: гости од меѓународни невладини и меѓународни организации, претставници од владини институции и други организации и претставници од невладините организации во Република Македонија.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Други активности Хигиена и имунизација Креативна работилница Музичка работилница Образовна работилница Нивните права Прослави Спортска работилница Појадок и ужина Музичка работилница Образовна работилница Нивните права Прослави Спортска работилница Појадок и ужина

Контакт:

e-mail:  zpd.dcr@gmail.com
тел: +389 2 2651636

Донатори:

Публикации:Зборник