Градење на подобра животна средина
Период на имплементација: март - септември 2008 година
Здружението за Заштита на правата на детето во просториите на "Едукативно - забавниот Дневен детски Центар за деца на улица" во месец март 2008 година, се имплементираше проектот "Градење на подобра семејна средина". При самата реализација се спроведоа четири работилници во кое учество зедоа 40 учесници од ромска националност, од кои 22 родитела се родители на веќе вклучените деца во Дневниот Центар за деца на улица. Попатно беше изготвен информативен материјал - брошура на македонски и ромски јазик, а содржината содржеше елементи од Конвенцијата за права на децата.
Во првите две работилници се покажа дека 99% од учесниците не знаеја да набројат ниту едно детско право, како правилно да го применуваат родителсвото без да ги прекршат истите права. Интеракција, зошто е потребно нивните деца да бидат во училишните клупи а не на улица, а при тоа да не бидат казнети, како да ги заштитат и да им обезбедат побезбедно, посреќно и весело детство. Благодарение на успешната комуникација на водителите, родителите стекнаа доверба за слободно искажување на своите проблеми со кое се соочува нивното семејство како што се меѓусебните недоразбирања вербални и физички расправии помеѓу нив кои подоцна се рефлектираат и на самите деца итн. Ваквата атмосфера допринесе да се допре до два индикатора за прекршување на детските права:
- менталитетот на ромската популација и
- материјалните услови за живот.
Од дебатата во последната Работилница каде беа поканети сите 40 родители - учесници, и по презентациите на поканетите гостите од сферата на Полициска интервенција во случај на кршење на детските права и насилство врз детото, бесплатната здравствена заштита и заштита од несакана бременост, надлежноста на Локалната Заедница за унапредување на животните услови на локалното население, произлезе дека присутните родители многу малку се информирани за начинот на кој што може да ги остварат своите права од областа на социјалната и здравствената заштита.
На крајот, од страна на родителите беше пополнет Евалуционен прашалник. Сите присутни родители изразија задоволство од начинот на комуникација со нив во текот на овој проект како и потреба од повеќе вакви работилници. Во однос на правата на децата, веќе 90% од испрашаните беа свесни за нивната одговорност како родители и беа во состојба да набројат дел од детските права.
Нашите впечатоци во однос на имплементацијата на целиот проект "Градење на подобра семејна средина" начелно се позитивни, но остана забележана потребата од повеќе вакви работилници за остварување на нашата цел. Исто така, алармантна е потребата од организирање на комбинирани тимови со претставници од Општината, Здравството, МТСП, Образованието и НВО кои работат активно на терен, кои целосно би се посветиле на организирање на јавни трибини, дебати, теренски активности, средби со родители итн. со цел поопширно информирање на населението за правата на децата, но и пружање на активна помош и поддршка во овозможување и заштита на овие права.
И покрај фактот дека овој проект трае прекратко за де се постигне трајна промена во начинот на живеење на оваа популација, Нашето задоволство е огромно затоа што сепак успеавме кај дел од нив да иницираме и вметнеме одредени позитивни промени во однос на нивната комуникација со нивните деца. Искрено се надеваме дека "Градење на подобра семејна средина" е добар показател за тоа во која насока треба да се движи активноста поврзана со оваа маргинализирана група.
Проекти
Центар за детска правда
- Целта на Центарот за детска правда
- Има ли живот по затворањетo
- Правата на детето и малолетничката правда
- СТОП за злоупотреба на децата во текот на изборната кампања
- Анализа на злоупотребата на детскиот труд во западноевропските држави
- Проценка на состојбата на сексуалната злоупотреба на децата во воспитно-поправните установи
- Едукација на децата за заштита на нивните права
- Психо-социјална интеграција на децата со оштетен вид
Твоите права
Право на помош и одбрана ако си обвинет поради кршење на правото.