СТОП за злоупотреба на децата во текот на изборната кампања
Период на имплементација: август 2002 - мај 2003 година
Формулација на проблемот
Во Македонија постојат низа проблеми и недостатоци присутни во остварувањето на правата на детето. Како фактори на ризик кои доведуваат децата да се најдат во особено тешки околности, меѓу другите, се: актуелната влошена социо-економска состојба во државата, политичката и безбедносната состојба во кризните подрачја, вооружените конфликти, предрасудите, низок степен на свест за ранливите групи во заедницата и сл. Според Конвенцијата за правата на детето, "детето треба да биде подготвено да живее самостојно во општеството и да биде воспитувано во духот на идеалите прокламирани со Повелбата на Обединетите нации, а особено во духот на мирот, достоинството, толеранцијата, слободата, рамноправноста и солидарноста."
Но, што се случува во реалноста, односно во Република Македонија каде што постои поделба, парцијализација и партизација на општественото ткиво предизвикано, пред се, од постоечките политички партии кои се залагаат за учество во власта. Децата како дел од тоа општествено ткиво не се имуни на таа парцијализација и, директно или индиректно, свесно или несвесно, се инволвирани во активностите кои се преземаат од страна на политичките партии.Политичките партии се парцијални општествени групи што ги обединуваат луѓето на организиран и доброволен начин врз основа на определени програми и идеологија, во кои се изразени интересите на некоја општествена група, а со цел да се освои власта или да се влијае врз неа".
Тие станаа доминантен фактор на политичкиот живот на современото општество и се посредници меѓу широките слоеви на населението и политичката елита. Преку нив се врши влијание врз пошироките општествени слоеви. И масовната пропаганда што ја применуваат преку современите масовни медиуми (печат, радио, телевизија) претставува силно средство за индоктринација на широките слоеви на населението со ставовите и идеите содржани во нивните програми.
Децата, како популација најподложна на влијание, се посредни или непосредни учесници на политички организирања или дејствувања, а согласно Законот за заштита на децата "се забранува политичко или верско организирање или дејствување и злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување". Тргнувајќи од актуелната состојба во Република Македонија и повикувајќи се единствено на наведената одредба од истоимениот закон, се наметна предметот на нашето истражување, кој сметаме дека е значаен за заштита на детето, особено во текот на изборните кампањи.
Проектни активности
Истражување - методологија и резултати (од август 2002 до ноември 2003 година)
Одржување на прес - конференција (21.04.2003 год.)
Организирање на тркалезна маса (23.04.2003 год.)
Изготвување заклучоци и предлози
Предмет на истражувањето
Во текот на четириесетдневната изборна кампања политичките партии "имаат право рамноправно и под еднакви услови да ги користат сите видови на политичка пропаганда, известување и други облици пропаганда, чија цел е да се влијае на одлуката на избирачите при гласањето за кандидати за пратеници". Дозволено е рамноправно медиумско претставување во јавните гласила, испитувања на јавното мислење, претставување на изборни плакати и одржување на јавни собири, на начин и под услови определени со закон. Оттука, предмет на истражувањето се конститутивните елементи на изборната кампања, нормативната димензија, улогата и однесувањето на децата, медиумите, политичките партии и институциите на системот во текот на нејзиното траење.
Цели и задачи на истражувањето
Цел на истражувањето е анализа на изборната кампања, со цел да се дојде до конкретни сознанија за начинот на нејзиното изведување, карактеристиките, интегрираноста на децата во неа, улогата и начинот на однесување на децата, родителите, политичките партии и другите институции на системот, воопшто.
Проекти
Центар за детска правда
- Целта на Центарот за детска правда
- Има ли живот по затворањетo
- Правата на детето и малолетничката правда
- СТОП за злоупотреба на децата во текот на изборната кампања
- Анализа на злоупотребата на детскиот труд во западноевропските држави
- Проценка на состојбата на сексуалната злоупотреба на децата во воспитно-поправните установи
- Едукација на децата за заштита на нивните права
- Психо-социјална интеграција на децата со оштетен вид
Твоите права
Право на игра и одмор.