header images

Центар за детска правда

Период на имплементација: јануари 2002 година

ЗОШТО Е ФОРМИРАН ЦЕНТАРОТ ЗА ДЕТСКА ПРАВДА?

Центарот е формиран со основна цел да ти помогне во заштитата на твоите права преку давање на бесплатна социјална и правна помош. Долгорочни цели на Центарот се:
- Подигање на свеста на децата и возрасните за правата на детето и Малолетничката Правда;
- Афирмирање на Центарот како посебен и соодветен модел на заштита на правата на детето;
- Успешна имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Р. Македонија.

ВО КОИ СЛУЧАИ И ПОД КОИ УСЛОВИ ЌЕ ПОБАРАШ ПОМОШ ОД ЦЕНТАРОТ?

Во сите случаи кога цениш дека се кршат или не се остваруваат Твоите права, утврдени во домашното законодавство, а особено во Конвенцијата за правата на детето. Ние, за разлика од државните органи, установи и институции не сме ограничени ниту во однос на детските права што ги заштитуваме ниту во однос на субјектите кои ги прекршуваат. Во таа смисла не треба да се исполнети некои посебни услови за да ни се обратиш и побараш помош од нас.

Право да се обратат до Центарот и да ги заштитат своите права имаат сите деца (до 18 годишна возраст), нивните родители, законски старатели или други лица кои за нив се грижат, без оглед на тоа дали се македонски или странски државјани, без оглед на расата, полот, јазикот, националната или верската припадност, политичките или други уверувања, имотната состојба, етничкото или социјалното потекло, осудуваноста или неосудуваноста, дали се или не во конфликт со законот.

ЦЕНТАРОТ ИМ ДАВА СОЦИЈАЛНО-ПРАВНА ПОМОШ НА ДЕЦА:
- без родители и родителска грижа;
- со воспитно-социјални проблеми (занемарени и злоставувани деца);
- со нарушено поведение (воспитно-запуштени деца и делинквенти);
- чии родители се во постапка на развод на брак или се веќе разведени;
- кои употребуваат дрога, алкохол и сл.;
- кои се жртви на експолоатација на нивниот труд, сексуално експолатирани или жртви на други облици на искористување;
- со посебни потреби;
- бегалци, раселени и хуманитарно згрижени;
- од сиромашни семејства;
- на улица/ улични деца и
- сите други деца кои чувствуваат потреба да ни се обратат за помош.

ШТО ПРЕЗЕМА ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНО-ПРАВНА ПОМОШ ВО ЗАШТИТА НА ТВОИТЕ ПРАВА?

Во однос на детето :

  • давање стручни социјални и правни совети;
  • директна правно-социјална помош на детето - жртва (овозможување да го оствари правото на обештетување, рехабилитација и третман, заштита од продолжена и/или повторна викти-мизација и др);
  • директна правно-социјална помош на детето - сторител на недозволено и казниво дејствие (целосно почитување на неговата личност и правилна примена на законските прописи, застапување пред суд, помош при ресоцијализација и др).

Во однос на семејството:

  • давање стручни социјални и правни совети за заштита, грижа и правилно воспитување на децата;
  • поддршка и мотивација за активно учество во остварувањето на правата на детето;
  • директна правно-социјална помош за надминување на состојбата на социјална изолација.

Во однос на локалната заедница:

  • подигање на свеста на јавноста за доследно почитување и остварување на детските права;
  • откривање нови случаи на прекршување на правата на детето во соработка со локалната заедница;
  • воспоставување и јакнење на мрежата на организации кои работат на заштита и помош на децата чии права се прекршени вклучувајќи и деца кои се во судир со законот;
  • работа на терен (посета во домовите на лицата кои бараат помош; во училиштата; во установите за згри-жување и воспитување, во притворот, затворите и слични институции).


КАКО ДА СЕ ОБРАТИШ ДО ЦЕНТАРОТ ЗА ДА ГИ ЗАШТИТИШ ТВОИТЕ ПРАВА?

До Центарот можеш да се обратиш лично, преку родителите, старателите, роднините, наставниците или лицата во кои Ти имаш доверба. Твојот проблем можеш да го изнесеш усно (со непосреден контакт со лицата кои работат во Центарот), по телефон, телефакс или електронска пошта.

Социо-правната помош што ја дава Центарот е бесплатна. Нашиот тим е тука да Ви помогне. Можете да се обратите на нашиот социјален работник Ана Панчева или на нашиот правник Весна Стојковска.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Други активности Хигиена и имунизација Креативна работилница Музичка работилница Образовна работилница Нивните права Прослави Спортска работилница Појадок и ужина Музичка работилница Образовна работилница Нивните права Прослави Спортска работилница Појадок и ужина

Контакт:

Ана Панчева - дипломиран социјален работник
Весна Стојковска - дипломиран правник
e-mail:  zpd.dcr@gmail.com
тел: +389 2 2651636

Донатори:

Министерството за надворешни работи
Кралството Холандија

Публикации:Правата на детето