header images

За здружението

Здружението за заштита на правата на детето е формирано во ноември 1998 година и е невладина, непрофитна и непартиска доброволна организација, чија основна цел е да ги штити правата на детето. Својата активност ја темели на Конвенцијата за правата на детето. Во склад со тоа, активностите на здружението се насочени кон воведување и примена на закони, политики и пракси кои овозможуваат унапредување на добросостојбата на детето, заштита на неговите права и полно учество на детето во општеството. Во досегашниот период на постоење, здружениото реализираше голем број на важни проекти, со цел да се прошири идејата за заштита на правата на детето, да ја истражи состојбата на децата и ранливите групи деца, организира помош и заштита, ја мобилизира заедницата во активностите и ја информира јавноста за состојбата на децата и остварувањето на правата.

Преку реализација на проекти и програмски активности придонесува во создавањето еднакви можности за развој на децата и младите, особено на вулнерабилните групи, афирмација на демократските вредности и јакнење на младите за активно и одговорно учество во заедницата.

  • Воочување на социјалните ризици и проблеми, по пат на анкетирање, разговори со децата и нивните родители, учителите, наставниците, клучните луге во заедницата,
  • Јакнење на децата, младите и нивните родители со едукација и развој на социјални вештини,
  • Давање психосоцијална подршка на загрозените групи на деца,
  • Припрема и описменување за влегување и останување во образовниот систем,
  • Организирање разновидни предавања на актуелни теми,
  • Реализација на разновидни културни, рекреативни, спортски активности организирани во дневниот центар, во вид на екскурзии надвор од Скопје,
  • Остварување соработка со сите субјекти кои допринесуваат за заштита на правата на детето, давање помош и заштита со цел унапредување на нивното ментално, емотивно и телесно здравје
  • Развивање канали за комуникација и соработка со владини тела, институции, локалната самоуправа
  • Подршка и развој на цивилното општество преку умрежување со други локални, национални и меѓународни невладини организации

 

Задачи и цели на здружението

  • Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во домашното законодавство и практика;
  • Подигање на свеста за правата на детето и создавање чувство на солидарност со децата од целиот свет;
  • Поттикнување и оценување на примената на правата на детето предвидени во меѓународното право, а особено правата предвидени со Конвенцијата за правата на детето;
  • Преземање активности за надминување на сосотојбата со непочитување или кршење на правата на детето;
  • Основање и раководење со детски центри (Центар за детска правда, Центар за деца на улица) за унапредување и примена на ефикасни механизми за заштита на правата на детето во конкретни области и ситуации,
  • Лобирање за измени и унапрeдување на легислативата од областа на правата на децата;
  • Здружување во национални и регионални коалиции и мрежи на невладини организации кои работат на полето на детските права;
  • Организира симпозиуми, семинари, тркалезни маси, прес-конференции за печат поврзани со афирмацијата и заштитата на правата на детето.


Структура

Struktura

 

Завршни сметки

Завршна сметка за 2023 година

Завршна сметка за 2022 година

Завршна сметка за 2021 година

Завршна сметка за 2020 година

Завршна сметка за 2019 година

Завршна сметка за 2018 година

Завршна сметка за 2017 година

Завршна сметка за 2016 година

Завршна сметка за 2015 година

Завршна сметка за 2014 година

Завршна сметка за 2013 година

Завршна сметка за 2012 година

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Други активности Хигиена и имунизација Креативна работилница Музичка работилница Образовна работилница Нивните права Прослави Спортска работилница Појадок и ужина Музичка работилница Образовна работилница Нивните права Прослави Спортска работилница Појадок и ужина