header images

ПРЕС

 

И мајките ги навлекуваат децата на дроги

Расте бројот на евидентирани деца на улица, односно од 460 пред шест месеци, нивниот број сега изнесува 620 деца на улица

-Фрапантиот податок дека голем дел од децата на улица, дури 90 отсто се дрогираат со лепило и со тешки дроги, што го изнесе Полициската станица „Центар“, вчера го потврдија и другите надлежни институции како и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.

-Додека расте бројот на евидентираните деца од улица, расте и бројот на оние што извршуваат криминални дејствија или станале зависници од дрога.

Дневник, Марија Тасева - 29.05.2010 година

Хуманост и надеж за децата од улица

Тимот од млади луѓе, ентузијасти, три години неуморно работат во Дневниот Центар за деца на улица. Станува збор за Центар каде овие деца прв пат во својот живот добиваат одредена грижа, навика и внимание. Во центарот учат како да одржуваат лична хигиена, учат да пишуваат, да се социјализираат, да го добијат задолжителното образование учат да бидат дел од останатиот свет, но и да имаат нормално детство кое секое дете го заслужува. Голем број од нив ги немаат ниту основните документи, како што се извод од матичната книга на родените, здравствена книшка, здравствена заштита, живеат во катастрофални услови, но барем имаат надеж дека некој некаде сепак, мисли на нив и им помага. Дневниот Центар е само капка од морето помош што е потребна. Првиот чекор секогаш е најтежок, но тој веќе е направен.

Теа Модерна, Јелена Димовска - 14.01.2009 година

Соопштение до јавноста

Извештај за Прес – конференција

На 29.09.2008 год. Во проесториите на Домот на хуманитерни организации "Даре Џамбаз" се одржа Прес-конференција, како завршна активност со која се заокружуваат проектните активности на Здружението за заштита на правата на детето во проектот "Градење на подобра семејна средина". На конференцијата уредно беа поканети повеќе електронски и печатени медиуми. Присуствуваа претставници на ТВ Сител, ТВ-МТВ и МИА.

Прес-конференцијата започна во 12 :15 мин. и траеше до 14:00 часот. Прес-конференцијата ја отвори претседателот на Здружението за заштита на правата на детето Проф.д-р Владимир Ортаковски, кој направи кратка ретроспектива за десетгодишните досегашни активности и успеси во многуте проекти кои се ипмлементирани од страна на ова Здружение.

Меѓу другото истакна дека Дневниот Центар за деца на улица, функционира веќе трета година по ред и во моментот има 40 постојани деца. Поголемиот дел од нивните родители беа вклучени во Проектот "Градење на подобра семејна средина" а и токму фактот што стручниот тим има редовна и постојана комуникација со сите членови на семејството, го даде очекуваниот резултат во самиот проект а тоа е да се постигне одредена промена кај самите родители во поглед на правата на детето и нивните обврски кон нивнит деца.

ЗПД - 29.09.2008 година

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Други активности Хигиена и имунизација Креативна работилница Музичка работилница Образовна работилница Нивните права Прослави Спортска работилница Појадок и ужина Музичка работилница Образовна работилница Нивните права Прослави Спортска работилница Појадок и ужина